Повикувајќи се на неименувани членови на истрагата, „Њујорк тајмс“ доцна синоќа објави дека снимките од пилотската кабина на германскиот авион, кој се урна во француските Алпи, покажуваат дека еден од пилотите ја напуштил кабината и не можел да се врати пред почетокот на падот на авионот.
Комуникацијата меѓу пилотите до тој момент била рутинска.
– Човекот надвор прво лесно тропа на вратата, но нема одговор. Потоа удира посилно, повторно без одговор – вели изворот на „Њујорк тајмс“, додавајќи дека звуците упатуваат на тоа дека пилотот сакал да ја разбие вратата за да се врати во пилотската кабина.
Весникот наведува дека засега е сигурно оти при крајот на летот еден од пилотите се обидел да влезе во кабина, но не успеал затоа што другиот му го оневозможувал тоа. Причините сѐ уште не се знаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст