Француското биро за истрага „нема објаснување за причината на несреќата“, изјави директорот на бирото Реми Жути и притоа потврди на конференцијата за печатот дека тонскиот запис на првата црна кутија може да се анализира.
– Успеавме да извлечиме аудио фајл кој може да се користи, гласовите се разбирливи. Сега е потребно да се направи детална анализа за да се разберат и интерпретираат звуците и гласовите – изјави рече Реми Жути.
На прашањето дали тоа се гласовите на пилотите, симени на црната кутија, директорот одговори дека не може да одговори на тоа прашање.
– Во овој момент на истрагата, евидентно, ние не сме способни да дадеме ни најмало објаснување за причините кои го наведоа авионот да се спушти, и причините поради кои тој продолжи да се спушта, исто како и причините поради кои не одговорија (пилотите) на обидите за стапување во контакт со контролата на летањето кога им беше поставувано прашање, истакна директорот на Бирото.
Тој притоа нагласи дека авионот летал до сударот со планината и дека немало експлозија во воздухот.
Авионот Ербас А320 се урана во Алпите во јужниот дел на Франција, на 100 километри северно од Ница, на летот од Барселона за Дизелдорф. Во авионската несреќа загинаа сите 144 патници и шест членови на екпажот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.