| четврток, 6 декември 2018 |

Европарламентот не доби барање за прекин на парите за Македонија

Бугарскиот европратеник Димитар Стојанов кој иако беше најавено денес сепак не побарал  Европската Унија да ги запре парите за Македонија.  Стојанов  не ја послуша мајка си – лидерот на Националната Демократска Партија од Софија, Капка Георгиева која деновиве го најави барањето до Европарламентот.

Инаку Капка Гоергиева е екс сопруга на лидерот на екстремно националистичката партија АТАКА Волен Сидеров со кого се разведе по што и самата формираше екстремна националистичка партија.  Георгиева  пред да влезе во политиката била новинарка а нејзиниот син Димитар Стојанов од бракот со лидерот на АТАКА .

Политичката агенда на сите членови на семејството Сидеров – Георгиев – Стојанов е слична –  Бугарија над се . Без разлика на брачните и семејните односи сите членови на семејството имаат исти ставовите и за Македонија.

Бугарските медиуми  пред неколку месеци шпекулираа дека Европратеникот Стојанов е нарко зависник.

kapka-siderova Деница-Гаджева-и-Волен-Сидеров

Капка Каменова се разведе од Волен Сидеров откако лидерот на АТАКА влезе во љубовна авантура со поранешната девојка на неговиот син Стојанов  – младата пратеничка од неговата партија Деница Гаџева.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top