Во полициска акција на неколку европски држави уапсени се дестина осомнични членови на мрежа, што извршила шверц на околу 10.000 граѓани на Косово во Западна Европа, јави ДПА, повикувајќи се на соопштение на Европол.
Во операцијата учествувале околу 400 полицајци, кои извршиле 77 апсења во Австрија, Чешка, Франција, Германија, Унгарија, Словачка и Косово. Уапсените во најголем дел се косовски, чешки, српски, босански и македонски граѓани.
Се верува дека мрежата минатата година извршила транспорт на околу 10.000 лица во Западна Европа, соопшти австриската полиција. Имигрантите требало да платат 2.800 евра по човек или 7.000 евра за семејство за илегално да бидат пренесни до Србија, а од таму во Унгарија, која е дел од Шенген зоната. Потоа лицата биле транспортирани кон западноевропските држави.
Десетици илјади косовски граѓани, главно етнички Албанци, ја напуштија државата од декември минатата година со цел илегално да стигнат до ЕУ. Илјадници од нив побараа азил во Унгарија и други земји од ЕУ.
Германија е една од главните дестинации на косовските имигранти, а по неа следат Швајцарија, Франција и Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст