Скандал се случил во Авганистан поради грешка на американскиот претседател Барак Обама, кој го заборавил презимето на авганистанскиот претседател Ашраф Гани, кој допатувал во „историска посета“ на Вашингтон.
Според авганистански медиуми, на вчерашната заедничка прес-конференција Обама неколку пати го нарекол авганистанскиот колега „Карзаи“. Хамид Карзаи е претходниот претседател на Авганистан, кој бил на оваа функција од 2004 до 2014 година.
Сепак актуелниот шеф на авганистанската држава Гани се обидел да не обрнува внимание на грешката.
Обама не успеал да го запамети презимето на новиот авганистански лидер, иако Гани веќе два дена се наоѓа во посета на САД и ја зазема оваа функција повеќе од половина година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Америка во шок: Обама за малку избегна атентат со пакет-експлозив
-
Амбасадорите на Обама во Македонија и во околните земји работат на поткопување на суверенитетот на државите
-
Кој е режисерот, сценаристот и актерите против процедурата, волјата на народот и суверенитетот на Република Македонија
-
Обама се враќа