| четврток, 6 декември 2018 |

Деструктивно сценарио на лидерот Заев и за сопствената СДСМ

crvenkovski zaev 1

Зоран Заев објави дека има досие кое го нарече – Деструкција во опозицијата, односно стенограми на англиски јазик и прислушувани разговори на функционеринан од СДСМ кои, според него, работеле на штета на партијата. Мечката заигра и во дворот на СДСМ.

Досието Заев ке го објавел тогаш кога тој лично ќе проценел дека е соодветно, а дотогаш секој во СДСМ треба да му ја мисли што има намера Заев да прави со него. Веста за досето Заев ја објави преку новинарите блиски до него и Шекеринска, и до буџетите на семејството Заеви и фондацијата Сорос, а тоа се големи пари. Имено, Заев тврди дека неговиот семеен имот е 12 милиони евра, а буџетот на фондацијата Сорос каде влијание има Шекеринска е 5 милиони евра секоја година.

– СДСМ никогаш не била поединствена и посилна партија од сега во изминативе 8 години, изјави Заев за Плусинфо, тврдејќи дека е поголем лидер и од Црвенковски, како и од Шекеринска која во тој период имаше еден шефовски мандат во СДСМ. Но, таа негова опседнатост да има туѓи СМС пораки, телефонски разговори… и да манипулира со нив не е од вчера. Еве што пишуваше Вест, дневен весник близок на СДСМ, уште лани – на 30.05.2014 година:

 

ЗАЕВ ПОЧНА ДА ГО ЧИСТИ СДСМ
Лидерот на СДСМ Зоран Заев ја почна чистката на партиските членови за кои со факти утврдил дека не работеле ништо или работеле за пораз на СДСМ на претседателските и на парламентарните избори.

На удар се оние што  работеле на раздор на членството и оние што за ситни бизниси од по пет-шест илјади евра месечно, работеле за туѓи интереси, првенствено за власта.

„Ова не е реваншистички чекор. СДСМ ќе прави оперативен систем каде што нема да биде битно кој е лидер во даден момент. Тој систем ќе функционира многу едноставно. СДСМ, како и досега, нема да биде како ВМРО-ДПМНЕ – да владее со страв, закани и со уцени. За секоја обврска за секој член, партиски орган, општинска организација, ќе има рокови. Ако не се исполнат, автоматски ќе следува смена”, најавуваат партиски извори. Засега никој од СДСМ не кажува кои се луѓето што потфрлиле за изборите, и на каков начин одработиле за власта во кампањата. Само велат дека меѓу сменетите ќе бидат и оние што ги поставил Заев за овие девет месеци додека е лидер, а од чија работа воопшто не бил задоволен.

Чистката и тргањето настрана на лошо докажаните членови ќе се одвива во две фази. Првата е смена на претседателите на општинските организации на СДСМ, право кое претседателот на партијата го има со статутот. Раководството не открива колкумина претседатели на разграноците ќе бидат сменети, само некои негови членови брифираат дека тоа ќе се случи многу брзо.zaev-vo-univerzalna-3

Во втората фаза, лидерот на СДСМ Зоран Заев планирал да ги овласти претседателите на општинските организации да ги прочистат извршните одбори во општините. Токму од извршните одбори, велат блиските соработници на Заев, сите бивши и сегашни членови на Централниот одбор, меѓу кои се и т.н. бранковисти Горан Минчев, Наташа Савова, Емилијан Станковиќ, Јани Макрадули, Ана Павловска – Данева и останатите, а кои не сработиле ништо и дел од нив ги блокирале активностите на СДСМ за изборите, ја црпат својата сила и моќ.

„Сега се маргинализирани, не поради разногласие со раководството туку оти ништо не сработиле на терен. Со тек на време ќе бидат сосема немоќни да ја слабеат партијата. Дел од нив не може да бидат исклучени од ЦО, бидејќи имаат уште три  години до крајот на мандатот. Најважно е што веќе нема да имаат влијание. Оставки може да си дадат”, велат соговорниците.

Според нив, има и членови на извршните одбори, особено од Скопје, носители на советнички листи, кои не стапнале во СДСМ од моментот кога се избрани.

Крајната цел на оваа чистка во СДСМ и смената со нови раководни луѓе, велат соговорниците, е да им се даде одговорност во раководењето на партијата и на  претседателите на општинските организации, кои ќе бидат авторитетни и луѓе со кредибилитет во тие градови и села.

„По една година отсега, додека тече трансформацијата на партијата и паралелно вонпарламентарните активности кои ќе се одржуваат низ цела Македонија, тие претседатели на разграноците ќе треба со едно ‘ало’ да соберат за неколку часа, во секој момент 50.000 луѓе пред Парламент”, објаснуваат од партијата. (Вест, 30.05.2014 година)

Ако симпатизерите на СДСМ мислеа дека Заев со воајеризмот и контрола врз приватноста на луѓето кои не се под негова контрола е опседнат само со ВМРО ДПМНЕ и неколку новинари и јавни личности кои тој ги смета за своја пречка во личниот апсолутизам и деспотија – се излажал.  Ако мислел дека само во ВМРО ДПМНЕ се оговараат меѓу себе, се излажал два пати. Како што вели самиот Заев во текстот на Вест, врвот на неговата партија се продавал за ситни бизниси од по 5-6.000 евра месечно со што до темел го разниша авторитетот на партијата и довербата во стабилноста на партискиот врв. Патем, за Заев и Шекеринска ситница е нивни врвни функционери да заработуваат по 5-6.000 евра месечно… за човек со 12 милиони евра имот стекнат во време додека бил на партиски и јавни функции, тоа е навистина – ситница.

Досиеата се негово оружје и за диктатурата во СДСМ. Така, Заев стана проблем и терет за сите во Македонија, без оглед дали се блиски на власта или опозцијата. Чекаме час поскоро да го видиме досието на Заев за СДСМ, за да можеме да видиме што навистина, и целсоно, се прави во нашата политика. Или, Заев повторно ќе се пишмани, и ќе се демантира себеси и ќе не убедува дека ВМРО се лошите, а тој и СДСМ добрите. Или, сепак, нема да смее тоа да го направи плашејќи се од одмаздата на Црвенковски.

Симптоматично е што изјавата дека има досие за СДСМ Заев ја објави истата вечер кога Сител објави дел од тоа досие во кое Наташа Савова, еден од првите соработници на Црвенковски праќа СМС порака до колега од врвот на партиајата во кое вели дека „човекот“ ќе и даде на Шекеринска 500.000 евра за да ја растури партијата. Оценките во самиот СДСМ дека Заев и Шекеринска се прилично корумпирани, какви има многу во досето кое го има Заев, се опасност за неговата политичка иднина и тој сега најавува дека ќе објави нешто затоа што е принуден и исплашен дека пред него тоа ќе го објави некој друг. Како што знае дека на судењето за прислучувањето и уцената на премеир ќе се појави и видео снимка на која Заев од премиерот Груевски бара да му помогне “да сврти некој бизнис…“

Познато е дека голем дел од СДСМ смета дека ова што го прави Заев е силен удар и врз самата партија затоа што ја гради врз апсолутизам и диктатура која се заснива врз незаконско поседување тајни снимки за секој од СДСМ, како и за политика која партијата ја легитимира како конфликтна со јавноста и општетсвото, подготвена на секакви тензии за да дојде до власт. Во СДСМ постои голем дел кои сметаат дека Груевски треба да загуби, и да си оди, но не по цена на уривање цел државен систем, примена на незаконски дејствија, соработка со исламистички медиуми и политички структури и власт темелена врз тајни архиви стекнати на незајконски начин и досиеа во рацете на еден човек. – Со што е тогаш Заев подобар од Груевски, прашуваат тие.

Како што напиша Васко Ефтов, новинар со децении близок до СДСМ, партијата со Заев ги урива сите мостови околу себе, а внатре гради власт на човек, а не на лидерство и принципи.

Извор: Медиа.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top