| четврток, 6 декември 2018 |

Градоначалничката Беличанец-Алексиќ на средби со жителите од 11 Октомври

belicanec-sredba

Градоначалничката на Општина Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ ја продолжува практиката на редовни средби со жителите од урбаните заедници. Вечерва таа ќе има средба со жителите од урбаните заедници „11 Октомври“-бараки и „11 Октомври“-згради.

Во рамки на посетите вчера Беличанец-Алексиќ заедно со претседателот на Советот на општината Трајче Донев, беше во посета на урбаните заедници Кисела Вода и Расадник.

Жителите на овој дел на градот побараа и добија одговори на многу прашања од областа на комуналната инфраструктура, одржувањето на уличното осветлување,  уредувањето на просторот…

Градоначалниќката Беличанец-Алексиќ ги информираше за планираните капитални проекти за овој дел од градот, реновирањето на ОУ “Круме Кепески” кое треба да отпочне на крајот од учебната година, за планираната реконструкција на фекалната канализација на ул.”Марко Орешковиќ”, за добрата динамика на одвивање на градежните активности на изградбата на новиот Дом на културата… Од страна на службите на градот Скопје, граѓаните беа информирани и за планот за пробивање на булеварот “Србија” и кружниот тек, активност што градот ја има во својата програма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top