Велика Британија може да биде поврзана со САД преку супермагистрала која поминува низ Русија, пишува СиЕнЕн.
Проектот е за речиси 20.000 километри долгиот автопат, која започнува од Велика Британија, поминува низ Берлин и Русија, и завршува во Алјаска, САД.
Предлогот е направен од руска страна, а шемата првпат беше прикажана пред руската Академија на науките на 23 март.
Сепак не е јасно, како автопатот ќе влегува во САД, дали преку ферибот, тунел, или мост.
По груби пресметки на руската страна, ваков проект може да чини трилиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.