| четврток, 6 декември 2018 |

ДОМ го поздравува дијалогот власт – опозиција почнат во Брисел

domДОМ преку соопштение го поздрави, како што наведува, неформалниот почеток на дијалог помеѓу власта и опозицијата во рамките на Конференцијата во Брисел.

– ДОМ инсистира на дијалогот, верувајќи дека Македонија има демократски капацитет за излез од кризата. Порано или подоцна, сите избрани пратеници треба да се сретнат во Парламентот, зашто само таму може да се изгласаат измени на Изборниот законик и на други закони, што се однесуваат на текот на изборите и избирачкиот список. Конечно, само Парламентот може да го распушти овој состав и да распише избори, се вели во соопштението.

Од партијата, воедно го повторуваат ставот дека разврската на политичката криза треба да биде институционална, преку паралелни судски и политички процеси според договорен редослед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top