За една недела просечна една жена може да помине 5 километри во шопинг, а ако се земе в предвид и ќесите кои ги влече, фитнес и вежбање нема да и бидат потребни.
Со надеж дека ќе најде супер фустан или чевличиња кои ги замислила, просечна жена ќе загуби дури 385 калории на ден влегувајќи од продавница во продавница, велат британските истражувања. За една недела пак, ќе помине дури 4,8 километри во шопинг, за разлика од просечен маж кој во шопинг ќе мине најмногу 2,4 километри. Ако жената во шопинг не оди сама туку со пријателка тогаш ова интересно патување трае подолго.
Најзагрижените шопингхоличарки додека купуваат или „трчкаат“ од излог на излог, не се грижат ни за глад ни дали се жедни. Со една шопинг тура жената просечно троши 385 калории дневно, а годишно оваа бројка звучи неверојатно – 48.000 калории.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.