Дождот кој заврна утринава најверојатно беше причината за верижниот судир на три возила. Пред зградата на Владата утринава се судрија три возила. Станува збор за автомобили од марките „Ситроен“, „БМВ“ и „Матис“ кои на влажниот коловоз најверојатно нагло закочиле и се удриле еден во друг. Во сообраќајката нема повредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.