| четврток, 6 декември 2018 |

Тела на две деца пронајдени во фрижидер во куќа во Детроит

­ Во замрзнувач во куќа во Детроит полицијата пронашла тела на две деца. Станува збор за девојче на возраст од 14 години и момче од околу 11.

Телата биле ставени во пластични вреќи. Полицијата ја привела мајката, а двете нејзини други деца се преземени од социјалната служба.

Истрагата за злосторството е во тек, јави Си­-Ен-­Ен. Шефот на полицијата во Детрот, Џејмс Креиг изјави дека се работи за „грозоморно откритие“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top