
Познатиот француски актер Жерар Депардије во еден период од својот живот преминал во ислам, тврди авторот на документарниот филм „Жерар Депардије, човек чиј татко не зборуваше“, емитуван вчера на телевизијата „Франс 3“.
Документарецот, дело на психоаналитичарот Жерар Мије, го следи животот на Депардије од неговото најрано детство, па се до денес, при што детелно се анализраат сите негови постапки и однесувања, како бројните љубовни врски, проблемите со алкохолот или загубата на синот Гијом.
Меѓутоа, најголемо внимание на гледачите предизвика тврдењето дека во 1967 година Депардије преминал во ислам, откако присуствувал на концерт на познатата египетска пејачка Ум Калтум во Париз.
Во документарецот се тврди дека во периодот додека бил муслиман, Депардје го читал Куранот, посетувал една париска џамија и се молел по пет пати во денот. Посветеноста на Депардије на исламот траела две години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


