Фудбалерите и стручниот штаб на шведскиот третолигаш Далкурд имаа неверојатна среќа бидејќи во последен час не влегоа во авионот на Germawings кој во вторникот се урна во француските Алпи.
Сите 150 патници и членови на екипажот загинаа во несреќата.
Шведските фудбалери во последен час го промениле планот на летање и не влегле во авионот на линијата Барселона-Дизелдорф.
Играчите од шведскиот град Борленге не биле задоволни со дека ќе чекаат долго на аеродромот во Дизелдорф, па решиле да летаат од Барселона преку Цирих и Минхен. На тој начин е избегнато целата екипа да замине со кобниот лет во сигурна смрт.
Притоа повеќето фудбалери не успеале да ги информираат своите семејства за промената на летот, поради што во Борланге завладеала вистинска паника.
„Среќно пристигнавме дома. Нашите мисли се со семејствата на загинатите патници бидејќи и ние можевме да бидеме меѓу нив“, рече директорот на клубот Адил Кизли.
ФФ Далкурд е клуб за кој претежно настапуваат шведски Курди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


