| четврток, 6 декември 2018 |

Работна посета на директорот на ЈП за државни патишта Мисајловски во Демир Капија и во Валандово

Во рамките на континуаираната работна посета на општините, директорот на ЈП за државни патишта Владо Мисајловски денеска оствари средба со градоначалниците на општините Демир Капија и на Валандово, Трајче Димитриев, односно Николче Чурлиновски.

Мисајловски заедно со градоначалникот на Демир Капија направија теренски увид на регионалниот пат Демир Капија – Корешница – Бистренци, кој беше оптетен во неодамнешшните поплави. По увидот беше констатирано дека од поплавите е направено видно оштетување на патот, пропустите и на еден од мостовите. Во разговорите по увидот во состојбата на регионалниот пат, беше разгледана можноста за нивна санација.

11086522_10153680599047971_1843378350_o

Во општина Валандово директорот придружуван од градоначалникот Чурлиновски го посетија село Пирава, каде општината аплицираше преку проектот за подобрување на локалната патна инфраструктура за рехабилитација на овој пат, која треба да се реализира наскоро.

Во рамките на посетата на Валандово беше направен и увид во поставувањето на нова сигнализација и патна опррема на регионалниот пат Удово – Раброво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top