| четврток, 6 декември 2018 |

По 11 години телата на идентификуваните од гробницата во Непроштено сѐ уште се на Судска медицина

Forenzicna-laboratorija-DNK-3

Семејствата на идентификуваните остатоци на тројца од  вкупно 12 Македонци киднапирани за време на кризата во 2001 година сѐ уште не ги прифаќаат резултатите од ДНК анализата направиена во Институтот за судска медицина. Остатоци беа откопани во ноември 2001 година, за време на ископувањето во масовната гробница во близина на Требош, село во областа на Тетово, каде што беа пронајдени човечки коски и остатоци. Резултатите беа објавени во 2004 година. Ова е единствениот случај некој да не ги прифати резултатитѕе од анализата направена во Институтот за судска медицина. Доцент д-р Златко Јаќовски во интервју за „Република“ вели:

Единствен случај роднините да не прифатат дека пронајдени остатоци припаѓаат на член од нивното семејство е со масовната гробница во Непроштено. Телата сѐ уште се кај нас во Судска медицина. Дефакто тоа се тие луѓе. Тие резултати се потврдени од меѓународните истражни органи. Недовербата не е во самите резултати, туку во институциите на системот. Се случува при  приватни барања за утврдување на татковство, кога не му одговара резултатот на биолошкиот татко дека тоа дете е негово, да го оспорува тој наод. Тука нема човечки фактор, машини го работат тоа, ние не можеме да го измислиме тој мозаик од гените на мајката и таткото.  Може да се случи грешка да исклучи некој од биолошки татко, но не и да покаже дека е биолошки татко.

Тој тврди дека Институтот не се соочува со притисоци ниту од власта, ниту од јавноста. Единствен притисок, додава Јаќовски, е очекувањето и повикот да дадеме резултати што побрзо.  

Ние како Институт за судска медицина и како професионалци сме изолирани од тие дневно-политички вести. Не дозволуваме некој да влијае на нашите резултати и на нашата работа. Фала богу, досега не се случило да имаме притисок од било која владејачка структура. Притисок од јавноста постои, во смисол на побрзо излегување со резултати… Ние се трудиме тие анализи да бидат завршени во најбрз временски рок. Тој притисок на нас не може да влијае зашто работиме по одредени стандарди и протоколи кои мора да ги следиме, зашто нашите резултати утре одат на суд каде ние мора да ги браниме тие докази – вели тој.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top