| четврток, 6 декември 2018 |

Шулц: Грција за една недела ќе постигне договор со еврозоната

грција

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц изрази очекување дека Грција во рок од една седмица ќе постигне договор со своите партнери од еврозоната, по што би ги добила парите кои и се итно потребни.

Грција вети дека до следниот понеделник ќе достави пакет предлози со реформи за својата слаба економија, во обид да добие помош од своите кредитори и да избегне неплаќање на долгот за што експертите стравуваат дека може да доведе до излез од еврозоната.

– Мислам дека до крајот на оваа недела ќе биде постигнат нов договор кој ќе биде доволен за да се доделат најитните финанси – рече Шулц за италијанскиот весник „Ла Република“.

Според него, на Грција потоа ќе и требаат „не повеќе од три месеци“ за да претстави „веродостоен, детален и дефинитивен“ план.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top