Инвеститорите во капацитети за обновливи извори на енергија да се посветат само на реализирање на проектите без да губат време на административните процедури. Тоа наместо нив да го спроведува државата, сугерира вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.
Пешевски на денешниот форум во Стопанската комора нагласи дека потенцијалот во овој сегмент се уште не е доволно искористен иако државата изминативе години стори многу особено од аспект на регулативата и процедурите. Владата е заинтерсирана за сите добри предлози, најмногу за оние кои во пракса гарантираат позитивни стапки на поврат на капитал.
– Изминативе години, дел од политиките во секторот обновливи извори на енергија беа помалку или повеќе критикувани, но се покажа, особено денес, од оваа дистанца, дека биле вистински чекори во вистинско време. Кога разгледуваме некоја потенцијална инвестиција, секогаш земаме предвид колку од неа останува тука, а колку оди надвор од државата – истакна вицепремиерот.
Пешевски не е задоволен од времетраењето на постапките иако тука, како што рече, има големо подобрување. Во однос на регулативата, прогресот е евидентен зашто до пред неколку години не постоеја речиси никакви решенија кои го тангираа овој сектор и мораше набрзина да се носат правилници или други акти за пуштање на некои објекти во употреба.
Според претседателот на Групацијата за обновливи извори на енергија Кочо Анѓушев, во Македонија досега за ваков тип капацитети се вложени 250 до 300 милиони евра од кои 170 милиони се реализирани.
– Во Македонија изминатите години се инсталирани над 40 мегавати хидоренергија (мали хидролеектрани), 36 мегавати ветерни електрани и над 15 мегавати фотоволтаици. Во градба се уште околу 50 мегавати мали хидроелектрани или вкупно 130 мегавати снага што е скоро колку „Света Петка“ и „Козјак“ заедно – рече Анѓушев.
Овие бројки, додаде, сериозно укажауваат на големината на зафатот.
– Тоа секако не е решение за енергетскиот проблем во Македонија. И натаму треба да се размислува за конвенционалните извори на енергија како јагленот, кои го даваат поголемиот дел од енергијата. Сепак, и овие проекти значително придонесуваат во развојот на енергетиката во Македонија – потенцира Анѓуешв.
И тој смета дека легислативата во овој сегмент е значително подобрена. – Доста е направено за проод на електраните, тие да се изградат, но постојат полиња каде може да има подобрување. Тука би ја спомнал Регулаторната комисија која треба да заврши некои свои правилници согласно Законот за енергетика кои се однесуваат на соработката меѓу производителите приклучени на дистрибутивната мрежа (обновливите извори на енергија) и операторот ЕВН, објасни Анѓушев.
Според него, и околу имотно-правните односи, добивање на земјиштето, треба да се поработи и покрај значителното подобрување на состојбата.
Денешниот форум во Стопанската комора е дел од проектот на УСАИД за инвестиции во чиста енергија. Проектот, како што изјави директорот на УСАИД Џејмс Стајн, е насочен кон интензивирање на јавно-приватниот дијалог со цел изнаоѓање решенија за надминување на актуелните пречки во реализирањето на потенцијалните инвестиции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Како да се ослободите од негативната енергија околу вас
-
Грчки владини извори: Преговараме со два јасни услови, меѓу кои и промена на уставото име на соседот
-
Подгответе се: Моќната месечина во Бик во ноември носи три големи промени!
-
Со помош на свеќа проверете дали во вашата соба владее добра или лоша енергија