| четврток, 6 декември 2018 |

Џихадистите регрутирале најмалку 400 деца во Сирија

Џихадистите од групацијата Исламска држава регрутирале најмалку 400 малолетни деца во Сирија изминатите три месеци и т.н. „младина на калифатот“ ја подложуваат на воена обука и тврдокорна индоктринација, соопшти денеска Сирискиот центар за набљудување на човековите права.

– Тие ги користат децата, бидејќи лесно можат да им го исперат мозокот. Можат од децата да напарават што сакаат, ги спречуваат да одат во училиште и ги испраќаат во училиштата на ИД, изјави директорот на Центарот, Рами Абдул Рахман.

Центарот нагласува дека децата се помали од 18 години и оти се регрутирани во близина на училиштата, џамиите и на јавните места, каде ИД го убива и брутално го казнува локалното население.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top