| четврток, 6 декември 2018 |

Признава ли Заев дека странски служби стојат зад аферата со прислушкувањето?!

zaev-vo-univerzalna-8

Полека се ќе излезе на виделина, барем така најавува лидерот на СДСМ, Зоран Заев со своето однесување. Тој, соочен со цврстите докази, почна да дава признанија во јавноста. Со секое негово ново гостување и зборување има некое ново признание или демантирање на самиот себе. Па така, со најновата изјава дадена за „Дојче Веле“ прифаќа дека материјалите кои ги поседува можно е да биле од странски служби.

„ Јас не можам да коментирам дали и зошто евентуалните материјали на Верушевски биле на англиски јазик“, рече Заев за Дојче Веле.

Заев секогаш ги демантира своите изјави. Првично изјави дека воопшто не се познав со првообвинетиот во случајот „Пуч“, Зоран Верушевски, за потоа да ја признае веродостојноста на писмата кои си ги пишувале двајцата. Ја потврди и автентичноста на кодираните пораки кои семејството Верушевски си ги испратиле меѓу себе. Зборуваше дека материјалите не се за странски служби, но сега не коментира ништо, дносно не сака да зборува зошто, доколку не се во прашање надворешни лица инволвирани во аферата, материјалите се на англиски јазик. На јавноста, работите и се кристално јасни дека странскиот јазик на кој биле пишувани материјалите, е доказ дека овие материјали им биле потребни на странци.

Прво самиот обелодени дека материјалите му се од странски служби, а потоа се негираше самиот себе, па тврдеше дека со странски центри нема соработувано, туку материјалите ги добил од поединци од Македонија. Но, откако неговото погубно сценарио тотално се разобличи, Заев повторно мораше да ги спомне странските служби.

Понатаму во интервјуто за Дојче Веле, Заев вели: „Ако постоела странска служба, власта тоа требаше веднаш да го објави и да упати демарш до амбасадорот. Тоа е така секаде во светот“.

Заев сега ретерира и ja прифаќа можноста дека странска служба може да стои зад сево ова. Соочен е и со две признанија и цврсти докази кои ја обелоденија неговата крајна цел, па Заев со срамни одговори се дозаплетка себеси на очиглед на целата македонска јавност.

Опозицискиот лидер кој доживеа дебакл со неуспешните бомби, мораше да потврди дека постојат такви писма и дека истите се на англиски јазик. Зоран Заев прифаќа дека е можно странски служби да стојат зад целата оваа приказна. Неговата соработка со странски разузнавачки центри, е она што најмногу беше осудено од јавноста изминатиов период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top