| четврток, 6 декември 2018 |

Истражување: Сауната е добра за срцето

sauna

Луѓето кои се „препотуваат“ четири до седум дена во текот на неделата ги намалуваат шансите за појава на срцеви проблеми за 48 отсто.

Најново финско истражување открива дека редовното препотување во сауна го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

Во истражувањето учествувале 2.315 мажи на возраст од 42 до 60 години, кои имале задача да посетат сауна два до три пати неделно. Утврдено е дека им бил намален ризикот од кардиоваскуларни болести за дури 23 отсто.

Уште од античко време е познато влијанието на препотувањето и вдишувањето топла пареа врз психофизичката состојба на организмот. Сауната ги опушта мускулите, ја подобрува циркулацијата на крвта и го стимулира производството на хормонот на задоволство. Со потење се исфрлаат штетните материи од телото, се чистат кожата и внатрешните органи, се намалува стресот и се подобрува сонот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top