| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбени три училишта во Скопје и околината

 Во периодот од 20 до 23.03.2015 година било провалено во три основни училишта во Скопје и околината.

Првата кражба се случила во ОУ „Панајот Гиновски“ на ул.„Ферид Бајрам“ во скопската населба Бутел 2, каде непознат сторител со употреба на погоден алат извршил тешка кражба и одзел пет мини компјутери.

Во истиот перидод во скопското село Ораовиќ, непознат сторител со употреба на физичка сила извршил тешка кражба во ОУ „Емин дураку“ од каде одзел принтер и други предмети.

Третата кражба се случила во периодот од 21 до 23 март во ОУ „Лирија“  на ул. „Цветан Димов“ во Чаир, каде непознат сторител со употреба на погоден предмет извршил тешка кражба и одзел куќиште за компјутер и лап топ, со што причинил материјална штета од околу 20.000 денари.

Се преземаат мерки за откривање на сторителелите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top