Пратеници и членови на Парламентарното собрание на Советот на Европа во писмена Декларација изразија загриженоста заради политичката ситуација во Македонија, особено за „неодговорното однесување на политичката опозиција“.
Во потпишаната Декларација се осудуваат „заканите на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кон премиерот на Македонија, Никола Груевски“ и ја осудуваат „инволвираноста на странски тајни служби и нелегалното прислушување на највисоките државни претставници на Република Македонија“.
Во писмената Декларација се оценува дека „парламентарните избори во Република Македонија беа слободни и фер, согласно со нотираното во извештаите на ОБСЕ и ПС на Совет на Европа“. Потписниците на Декларацијата ја поддржуваат интеграцијата на Македонија во Европската унија и НАТО и укажуваат „дека за евроатлантската интеграција на државата постои заедничка одговорност и на владејачките и на опозициските партии во Република Македонија“. Тие укажуваат дека „само политички аргументи и програми поддржани од граѓаните се демократскиот начин да се добијат избори“.
На Декларацијата се потпишани:
- Аксел Е. Фишер ЕНП, Германија
- Педро Аграмунт ЕНП, Шпанија
- Аркакадио Дијаз Тејера СОЦ(Социјалисти), Шпанија
- Ален Дестех АЛДЕ, Белгија
- Реха Денемеч Европски Конзервативци, Турција
- Дебора Бергамини ЕНП, Италија
- Аугустин Конде ЕНП, Шпанија
- Жан Клод Мињон ЕНП, Франција (Претседател на Парламентарното собрание на Совет на Европа)
- Елкхан Сулејманов ЕНП, Азербеџајн
- Серхеј Соболиев ЕНП, Украина
- Тиери Мариани ЕНП,Франција
- СахиБа Гафарова Европски Конзервативци, Азербеџајн
- Володимир Ариев ЕНП, Украина
- Георги Канделаки ЕНП, Грузија
- Фрањо Матушиќ ЕНП, Хрватска
- Киммо Саши ЕНП, Финска
- Александра Ѓурович ЕНП, Србија
- Карин Стренц ЕНП, Германија
- Жерардо Гиованголи СОЦ(Социјалисти) , Сан Марино
- Хермин Нагдалиан Европски Конзервативци, Ермениа
- Кристина Зеленикова АЛДЕ, Чешка
Политичарите кои припаѓаат на различни политички опции, како народните партии, конзервативците, социјалистите, бараат „продолжување на политичкиот дијалог и одговорно однесување на опозициските социјалдемократи и целосно искористување на нивните мандати во Собранието на Македонија“, како и „слободна и независна судска постапка според највисоките европски стандарди и целосна транспарентна постапка“. Тие со Декларацијата го поддржуваат политичкиот дијалог во решавањето на конфликтите и повикуваат на „одговорно однесување на политичката опозицијата, почитувајќи ги демократските правила на политичкиот систем“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.