Во рамките на манифестацијата за одбележувањето на 110 години од трагедијата во селото Загоричани / 1905 – 2015 / во Музејот на град Скопје утре (25 март) во 19 часот ќе се отвори втората меморијална ликовна изложба „СТОП НА ТЕРОРОТ“, а воедно ќе се промовира и книгата „Зверствата во село Загоричани“ од авторот Гр. Попанастасов.
Манифестацијата е во организација на Родокрајното здружение Загоричани, Книгоиздателството Матица Македонска и Сојузот на македонците од Егејот Македон – Скопје, додека реализацијата е на Музеј на град Скопје а поткрепена од Министерството за култура на Република Македонија.
На изложбата се презентирани 52 дела со различни ликовни естетски определби, од 38 академски ликовни уметници, еминентни автори, припадници на различни генерациии и преокупации кои со своите дела прикажуваат дел од своето најново творештво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


