| четврток, 6 декември 2018 |

Преда: Бојкотот на парламентот е катастрофален

FRANCE-EU-EP-PARLIAMENT-VOTE-ENERGY

Бојкотот на парламентот е катастрофален и не е вистинскиот начин, порача романскиот европратеник Кристијан Дан Преда на денешната дебата за „Улогата на парламентарците и нивните земји во реформскиот процес на патот кон ЕУ” во рамки на Семинарот за политичка култура и дијалог со претставници од парламентите на земјите-кандидати од Балканот во Европскиот парламанент.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, откако претседателот на АФЕТ-групата во ЕП, Елмар Брок, порача дека една опозиција во земјата мора да се однесува според правилата и дека бојкотот на парламентот мора да престане во случајот со Македонија, Романецот од редовите на Европската народна партија (ЕПП) им зададе уште еден удар на Радмила Шеќеринска, Лидија Димова и Љупчо Јосифовски, кои како пратеници и претставници на СДСМ се наоѓаат на оваа дебата.

Според Дан Преда, улога на опозицијата е да критикува и да кажува што не чини, вклучително и во однос на пристапувањето кон ЕУ, сепак, тој и порача на македонската опозиција дека тоа што го прави не е правилно.

– Бојкотот е катастрофален и не е вистинскиот начин. Тоа е минус во логиката на дмеократијата. Ако добиете мандат од граѓаните, вие не треба да ја бојкотирате работата на парламентот. Јас сум демократски парламентарец и сметам дека треба да се учествува во дебтата, посебно во кревка ситуација кога сте малцинство. Опозицијата треба да превземе одговорност и да тера оти и во иднина ќе има избори кои може да ги променат работите – истакна Дан Преда.

Пред крајот на својот настап, романскиот европратеник истакна дека во една земја мора да има консензус кога станува збор за клучни прашања од интерес за државата, како што се евро-атлантските интеграции. Сепак, според него, колку власта, толку и опозицијата има одговорност за политичкиот дијалог и култура во земјата.

– Бојкотот на парламентот е секако неприфатлив – беше дециден европратеникот Дан Преда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top