Баш како во сериите во кои глуми, венецуелската актерка со хрватско потекло, Габриела Спаниќ ги исфрлила од дома нејзината мајка и сопствениот брат, бидејќи тајно се гледале со сестрата-близначка.
Актерката пред неколку години за своето семејство купила вила во Мексико, но кога дознала дека во вилата на посета често доаѓа нејзината сестра близначка, со која со години не зборуваат, побеснела.
Како што пренесуваат мексиканските таблоиди, Спаниќ ги исфрлила од домот и мајка си и братот и наводно нема да им прости.
Ова не е прва ваква драма во нејзиното семејство, која како да излегла од лошо сценарио на „Телевиса“. Пред неколку години Спаниќ ја тужеше куќната помошничка, која наводно сакала да ја отруе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


