| четврток, 6 декември 2018 |

Пораст на нацистички активности во Шведска

Бројот на нацистички организации во Шведска се намалува, но тие што дејствуваат постојано ги интензивираат своите активности, јави допсиникот на МИА од Гетеборг.

Според годишниот извештај на фондацијата „Експо“, во текот на минатата година во Шведска се забележани рекордно многу нацистички активности.

– Обемот на нацистички активности е енормно зголемен. Само во период од две до три години тој е речиси двојно засилен, така што толку многу активности никогаш порано не сме виделе, вели Ана-Софија Квенсел, аналитичар при „Експо“.

Шведски нацистички организации лани во просек ширеле пропаганда или спроведувале манифестации седум до осум пати дневно. Вкупно станува збор за пораст од 2.334 активности во 2013 година на 2.864 во текот на минатата година. Тоа е пораст од 23 проценти.

Бројот на нацистички активности покажува тренд на зголемување во целата земја од година во година и затоа не може да биде објаснет само со фактот дека лани во Шведска се одржаа парламентарни и локални избори, се наведува во годишниот извештај на „Експо“, објавен под наслов „Нетолеранција 14“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top