| четврток, 6 декември 2018 |

Родова еднаквост во САД: Поверојатно е директорот да се вика Џон, отколку да е жена

Истражувањето на Ернст и Јанг, во извештајот за бројот на жените во 1500 одбори, покажа дека има 2.150 жени на некоја од 13.850 функции во одборите на 1500 компании. Но, исто така покажа дека на дури 2200 позиции се мажи со име Џон, Џејмс, Вилијам или Роберт

Не е тајна дека мажите доминираат на позицијата извршен директор во компаниите. Но, знаете ли дека во САД во 2015 година, жените како главен извршен директор се толку ретки, што побројни се извршни директори по име Џон од нив?  Слично на тоа, познато е и дека машките членови на одборите се побројни од женските членови. Но во нив постојат повеќе луѓе по име Џон, Џејмс, Вилијам и Роберт од вкупниот број на жени во одборите.

Истражувањето на Ернст и Јанг, во извештајот за бројот на жените во 1500 одбори, покажа дека има 2.150 жени на некоја од 13.850 функции во одборите на 1500 компании. Но, исто така покажа дека на дури 2200 позиции се мажи со име Џон, Џејмс, Вилијам или Роберт.

Бројките за директорски места е уште подрастичен. Постојат четири пати повеќе мажи по име Џон, Џејмс, Вилијам или Роберт како извршни директори од вкупно жени на таа позиција.

Набргу откако ова истражување беше објавено во „Њујорк Тајмс“, весникот го испита соодносот во различни институции, па го создаде како го нарекува „Индексот стаклен таван“. Весникот заклучи дека бројките за мажите по име Џон, Џејмс, Вилијам, Роберт кои што бројно надминувајќи ги сите жени на лидерски позиции во бизнисот е јасен показател дека „Стаклениот таван“ е жив и здрав – и дебел во корпоративна Америка. Истиот тест е употребен за да се провери „Таванот“во другите сегменти на државата.

Во Белата куќа во оваа фаза било невозможно да се дури и да се пресмета индексот, бидејќи во САД никогаш била избрана жена на функцијата. Но, дури и ако Хилари Клинтон требаше да биде избрана за претседател следната година, индексот ќе биде 15. Тоа е 15 Џонс, Џејмс, Вилијам и Роберт на секоја една жена претседател. Кај Републиканците во Сенатот, индексот е 2,17 и во Републичкиот Претставничкиот дом, тоа е 1,36. Кај Демократите индексот е далеку подобар – и во Претставничкиот дом и Сенатот, нивниот индекс 0,3, што значи – на крајот – жените се побројни од мажите по име Џон, Џејмс, Вилијам и Роберт. Истиот индекс од 0,3 е и во американскиот Врховен суд, каде што жените се побројни од сите Џон, Џејмс, Роберт и Вилијам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top