Ако сте опседнати со диети, чистота или сте зависник од интернет, потрудете се тие опсесии да не влијаат врз вашите деца.
Добро е кога детето од родителите ќе наследи оптимизам или одлично паметење и совршена моќ на забележување, но што ќе се случи доколку „собере“ и ситни нервози, опсесии или стравови, кои навистина можат да му го загорчат животот.
Мајката, која е опседната со вишокот килограми и постојано е на некоја диета или зборува за калориите и идеалната тежина не треба да ја чуди доколку и нејзината седумгодишна ќерка посака да држи диета!
Кај сериозните случаи на мајчинската опседнатост со својот изглед и килограмите, ќерката вистински ја вознемирува однесувањето и говорот на мајката и таа чувствува потреба да ја имитира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.