Место народна музика, слушателите на радио „Центар” во Крагуевац ноќта меѓу саботата и неделата имале „секс-шоу” во живо. Главната уредничка на радиото тврди дека во студиото немало никој во тоа време бидејќи целата програма се пуштала преку компјутер, пренесуваат српските медиуми.
– И ние сме изненадени од тоа што се случило, бидејќи во студиото не ни имаме микрофон. Можно е некој да се вмешал во нашата фреквенција. Чие „уживање“ слушавме, навистина не знам – вели Маја Миливојевиќ, главна и одговорна уредничка на радио „Центар”.
Таксистот Слободан Милојевиќ од Крагуевац за „Блиц” изјавил дека еротската програма на радиото почнала додека возел клиенти.
– Се собравме сите таксисти и го слушавме целиот перформанс. Околу дваесет минути сите во Крагуевац, кои беа на вистинската фреквенција, слушаа секс во живо – вели таксистот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.