| четврток, 6 декември 2018 |

Меѓународна конференција за враќање на нерегуларните имигранти од државите од Западен Балкан

азилВо Сараево утре ќе биде организирана меѓународна конференција на тема Враќање на нерегуларните имигранти од државите од Западен Балкан. Целта на конференцијата е да се зајакне меѓународната и регионална соработка во областа на миграциите заради враќање на нерегуларни мигранти во државите од каде потекнуваат, јави Фена.

– Босна и Херцеговина е одлучна да се спротистави на проблемите со нерегуларните миграции во државата и да придонесе за решавање на тој проблем и во регионот, се вели во соопштение од Службата за странци во БиХ.

Учесници на конференцијата ќе бидат дипломатски претставници, претставници на надлежни институции на држави од Западен Балкан и меѓународни организации од областа на миграциите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top