| четврток, 6 декември 2018 |

Волк заклал стадо овци во делчевското село Полето

volk-zadavil-stado-ovci-vo-strushko-selo-182185

Во село Полето, недалеку од Делчево волк нападнал и заклал стадо овци, кои биле сопственост на сточарот Богдан Начевски.

Заклани се 45 грла, од кои 15 овци и 30 јагниња, со што е унуштено скоро половина од стадото на Богдановски.

Случајот е пријавен кај надлежните служби, а увид на самото место извршиле и стручни лица од Ветеринарната станица „Дел-вет“ од Делчево.

– Не бевме во состојба ниту јас, ниту зет ми Кире, кој притекна на помош да го заштитиме стадото од крвожедниот волк.Нашето семејство егзистенцијата ја обазбедува од овчарство и затоа замолуваме за помош, вели Богдан Начевски.

Нападот од волци на стадото на Богдан Начевски во Полето, не е единствен, такви случаи во Делчевско се забележани и во други места, но по бројот на угинатите животни тој е најголем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top