| четврток, 6 декември 2018 |

В сабота кон недела почнува летното сметање на времето

250px-Begin_CEST.svgВикендов почнува летното сметање на времето. Часовниците ноќта в сабота кон недела одат еден час нанапред, па така, во два часот по полноќ поместете ги стрелките на три.

Вообичаено е часовниците да се поместуваат еден час нанапред на пролет, а да се враќаат еден час наназад на есен. Овој систем е предложен во 1905 година од Вилијам Вилет, а првпат бил широко применет во 1916 госина како военовременска мерка насочена кон заштеда на јаглен. И покрај несогласувањата, многу земји го користат овој систем. Денес во Европа е прифатена конвенцијата летното сметање на времето да почнува во последната недела од март, а да завршува во последната недела на октомври. Во САД летното сметање почнува во втората недела на март, а завршува во првата недела на ноември. На јужната полутопка почетокот на летното време е обратен од северната.

Додавањето на еден час дневна светлина попладне, генерално, им оди в прилог на продавниците, спортските активности, земјоделството и на други дејности што се поврзани со дневна светлина. Покрај тоа, продолжувањето на попладневната дневна светлина се чини го намалува бројот на жртви од сообраќајни незгоди. Исто така, се чини дека се заштедува електрична енергија со намалувањето на периодот на вештачко вечерно осветлување. Во САД пресметале дека летното сметање на времето заштедува еден процент од потрошувачката на нафта.

9men1dr7

Од друга страна, поместувањето на часовниците го компликува одржувањето на сатницата, и може да ги наруши состаноците, возните редови, медицинските уреди, наплатата за разни услуги, итн. Особен хаос се создавал во минатото поради неконзистентности меѓу државите во сметањето на времето.

Во Македонија, како дел од СФРЈ, летното сметање на времето се користи од 1983 година, а од 1996 година е регулирано со Закон за сметање на времето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top