| четврток, 6 декември 2018 |

Мајката пушач го забавува развојот на своето бебе во текот на бременоста (фото)

26e9861d00000578-0-image-a-2_1427104235812

Како што се наближува крајот на бременоста бебињата во стомаците на мајките се помалку и помалку ги допираат своите лица.

На фотографијата во двата реда се наоѓаат 2 различни бебиња во 32-ра недела од бременоста. Мајката на бебето во горниот ред е пушач, а бебето во долниот ред има мајка непушач. Бебето чија мајка пуши многу почесто си го допира лицето и устата, што индицира на забавен развој.

Истражувачите велат се надеваат дека овие шокантни докази за она што го предизвикува пушењето на мајката кај бебето ќе ги мотивираат идните мајки да престанат со пушење во бременоста.

Ова е дел од студијата на Др. Надја која користела илјадиници слики до 4Д ултразвук за да ги прати малите движењата во матката.

Таа надгледувала 20 мајки, од кои 4 пушеле просечно по 14 цигари дневно. По проучувањето на ултравукот во 24,28,32и 36 недела се покажало дека бебињата на мајките, кои пушеле покажале значително повисока стапка на допирање на устата и само-допир од оние бебиња, чии мајки не пушеле.

Но таа е против демонизирање на мајките и бара да им се даде поголема поддршка за да се откажат од цигарите.

Сите бебиња во студијата се родиле здрави.

Коавторот на студијата Проф. Brian Francis, додава:

Технологијата ни овозможува да го видиме она што претходно беше скриено, откривајки како пушењето влијае врз развојот на фетусот, на начини кои ни беа непознати.

Ова е уште еден доказ за негативните ефекти на пушењето во бременоста.

Др. Надја вели дека бебињата чии мајки пушат можат да имаат забавен развој на централниот нервен систем. Таа уште додава дека е потребно да се направи поголема студија за да се потврдат наодите и дека се надева дека ова откритие дополнително ќе ги мотивира и ќе им помогне на мајките да се откажат од пушењето.

(tvoebebe.com)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top