Според најновите податоци од ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес, од десет заболени од туларемија регистрирани во петокот, викендов бројот на заболени се зголемил на 13 лица, а од кои уште по еден новозаболен во Каратманово, плус еден во село Лозово и еден заболен од туларемија викендов бил регистриран и во селото Немањица.
Епидемиологот д-р Билјана Трајкова посочи дека од 13-те заболени од туларемија, 9 лица заболени се од село Каратманово, двајца се од Лозово и по еден заболен од селата Ќоселари и Немањица.
– Превземени се сите мерки за лекување на болните лица и сите мерки за превенитва на останатото население за заштита и спречување на ширење на болеста туларемија. Со препорака од надлежните инспекторати извршена е целосна дератизација на куќите и останати објекти како и училишните згради во селата Каратманово и Лозово – информира Трајкова.
Трајкова информира дека согласно препораките на државниот и санитарен инспекторат, а во соработка со Општина Велес која исто така на итен состанок изминатиот петок, ги мобилизира сите надлежни во спречување на ширење на болеста.
Во таа насока екипи на ЈЗУ Центар за јавно здравје и на ЈКП „Дервен“ изминатиот викенд интензивно работеле на дератизација на канализационата мрежа во неколку села во велешко: Мамутчево, Сујаклари, Иванковци, Чолошево и Караслари.
Согласно препораките на државниот и санитарен инспектрат, а во соработка со општина Велес во наредните денови вонредна дератизација ќе се изврши и во останатите села во Општина Лозово и во поширокиот регион на велешко, а како и во канализационата мрежа во Велес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.