| четврток, 6 декември 2018 |

Катарина Ивановска: Македонските девојки се плашат од успех

 Би ги со­ве­ту­ва­ла си­те мла­ди де­вој­ки од Ма­ке­до­ни­ја са­мо да се упор­ни, да се дис­цип­ли­ни­ра­ни и ни­ко­го да не слу­ша­ат, вели Ивановска.

Ка­ко еден од ре­тки­те при­ме­ри де­ка со та­лент и со ра­бо­та на не­го мо­же да се ус­пее, без раз­ли­ка од ка­де до­а­ѓа­те, Ка­та­ри­на Ива­нов­ска е мно­гу по­ве­ќе од са­мо уба­ва же­на. Таа е вљу­бе­ник во спор­тот, за­ба­ва­та и во жи­во­тот, а од не­о­дам­на ја по­ка­жу­ва и сво­ја­та ху­ма­на стра­на со ос­но­ва­ње­то на фон­да­ци­ја­та „Ка­та­ри­на Ива­нов­ска“.

 

Пе­ри­о­дов е еден од ре­тки­те ко­га си до­ма, под­го­тву­ваш ли не­што по­себ­но?

Ива­нов­ска: Во Ма­ке­до­ни­ја мо­мент­но не под­го­тву­вам ни­што, дој­дов да се од­мо­рам за­тоа што ве­ќе одам­на не ги ра­бо­там ре­ви­и­те, а во март се, не­ли, ре­ви­и­те во Ми­ла­но, Њу­јорк и во Па­риз, та­ка што и јас да зе­мам мал­ку здив и да ги на­пол­нам ба­те­ри­и­те со најб­ли­ски­те. За­ми­ну­вам за де­сет де­на во Сан Фран­ци­ско, ка­де што ќе ра­бо­там на еден про­ект, од­нос­но еден мал филм, во со­ра­бо­тка со еден мој драг при­ја­тел, кој е од Ма­ке­до­ни­ја, но жи­вее и ра­бо­ти во Сан Фран­ци­ско ка­ко умет­ник.

 

Зна­чи со ќеф про­дол­жу­ваш и со глу­ма? Ка­ко ре­а­ги­раа та­му ко­га го пог­лед­наа „Тре­то по­лу­вре­ме“?

Ива­нов­ска: Имав мож­ност да па­ту­вам ре­чи­си на­се­ка­де низ САД со фил­мот и мо­рам да ка­жам де­ка ре­ак­ци­и­те мно­гу ме из­не­на­ди­ја, и тоа од по­ста­ра­та ге­не­ра­ци­ја, по­ста­ра­та пуб­ли­ка, за­тоа што, не­ли, во Ма­ке­до­ни­ја ко­га се соб­ле­ков тоа бе­ше страш­но и не бе­ше нор­мал­но за на­ше­во под­неб­је, но та­му има­ше од­лич­ни ре­ак­ции. Фил­мот учес­тву­ва­ше на мно­гу филм­ски и на мно­гу евреј­ски филм­ски фе­сти­ва­ли и, на­ви­сти­на, мно­гу им се до­пад­на це­ла­та при­каз­на, фо­то­гра­фи­ја­та, глу­ма­та, ре­жи­ја­та и мис­лам де­ка мно­гу беа за­до­вол­ни.

Katerina Ivanovska (5) (Custom)

Зо­што мис­лиш де­ка пуб­ли­ка­та ов­де ре­а­ги­ра­ше та­ка на тво­и­те го­ли гра­ди, ко­га не е прв­пат, и во прет­ход­ни­те ма­ке­дон­ски фил­мо­ви се­ко­гаш има­ло го­ло­ти­ја?

Ива­нов­ска: Не знам, нај­ве­ро­јат­но не ви­де­ле го­ли гра­ди до­ма (се смее). Се ше­гу­вам, на­ви­сти­на не знам. Кај нас се ре­а­ги­ра за сѐ мал­ку… не ка­ко што тре­ба, не ка­ко што гле­да све­тот на тоа. Мо­же­би не ја раз­би­ра­ат умет­но­ста би­деј­ќи јас тоа во­оп­што не го гле­дам ка­ко вул­гар­но, тоа е умет­ност.

 

Ка­ко ре­а­ги­ра­ат њу­јор­ча­ни на тво­и­те при­каз­ни за Ма­ке­дон­ци­те, ка­ко ги гле­да­ат, до­жи­ву­ва­ат? Се­пак, ти не си кла­сич­на Ма­ке­дон­ка би­деј­ќи по­ло­ви­на жи­вот си го по­ми­на­ла та­му.

Ива­нов­ска: Па, до­бро, јас од шес­на­е­сет го­ди­ни жи­ве­ам во Њу­јорк, во вре­ме ко­га ед­на лич­ност тре­ба да се раз­ви­ва во тие ти­неј­џер­ски го­ди­ни јас за­ми­нав од Ма­ке­до­ни­ја, но Ма­ке­дон­ка сум, не сум Аме­ри­кан­ка или по­ло­ви­на-по­ло­ви­на. Јас сум Ма­ке­дон­ка. Ка­ко ре­а­ги­ра­ат? Всуш­ност ни­ка­ко би­деј­ќи мно­гу­ми­на и не зна­ат ка­де е Ма­ке­до­ни­ја, па јас сум ка­ко ам­ба­са­дор и им ја прет­ста­ву­вам на­ша­та ре­пуб­ли­ка, та­ка што не­ма­ат не­кое мис­ле­ње. Исто ка­ко ко­га ќе ви ка­жам не­ко­ја др­жа­ва во Афри­ка, па се чу­ди­те ка­де е и по­тоа истра­жу­ва­те за неа.

Katerina Ivanovska (6) (Custom)

Ти си при­мер де­ка не е важ­но од ка­де до­а­ѓаш и де­ка ако имаш та­лент и се по­тру­диш, ќе ус­пе­еш. Што би им пре­по­ра­ча­ла на де­вој­чи­ња­та ту­ка што са­ка­ат да би­дат ма­не­кен­ки или топ-мо­дел­ки? На при­мер, де­ка не е сѐ до уба­ви­на­та…

Ива­нов­ска: По­тек­ну­вам од спорт­ско се­мејс­тво и ми тек­ну­ва де­ка ден­та ко­га по­бе­див на из­бо­рот „Лук мо­дел срч“ (Look model search) ту­ка во Ма­ке­до­ни­ја, ду­ри и та­тко ми не дој­де да ме гле­да за­тоа што кај нас ре­чи­си си­те из­бо­ри се на­ме­сте­ни. Та­ка што та­тко ми ми ре­че: „Мислaм, дај, те мо­лам, има фуд­бал на те­ле­ви­зи­ја, оде­те ти и мај­ка ти и се­стра ти“, но ако ве­ру­ваш во се­бе и ако, на­ви­сти­на, са­каш не­што и са­каш да ус­пе­еш во тоа, мо­ра да си ма­кси­мал­но по­све­тен на таа ра­бо­та. Би ги со­ве­ту­ва­ла си­те мла­ди де­вој­ки од Ма­ке­до­ни­ја са­мо да се упор­ни, да се дис­цип­ли­ни­ра­ни и ни­ко­го да не слу­ша­ат. Да не ги слу­ша­ат мом­чи­ња­та, де­мек – ти за­бра­ну­вам, би­деј­ќи во мно­гу слу­чаи и тоа се слу­чу­ва, но и да не се пла­шат од ус­пех, за­тоа што мис­лам де­ка мно­гу ма­ке­дон­ски де­вој­ки се пла­шат од ус­пе­хот и се пла­шат ка­ко да стиг­нат до не­го. Та­ка што, са­мо не­ка ве­ру­ва­ат во се­бе и не­ка се вне­сат сто про­цен­ти во ра­бо­та­та што са­ка­ат да ја ра­бо­тат.

 

Имаш сре­ќа по­сто­ја­но да си на пла­жа, но да­ли има ме­сто ка­де што са­каш да ра­бо­тиш, а до­се­га не си би­ла, на при­мер ка­ко Кејт Ап­тон по би­ки­ни на Ан­тар­ктик?

Ива­нов­ска: Таа бе­ше мно­гу хра­бра, јас не знам да­ли ќе со­бе­рам си­ла и тол­ка­ва енер­ги­ја за да се фо­то­гра­фи­рам во би­ки­ни или во дол­на об­ле­ка на ми­нус 100 (се смее). На­ви­сти­на сум би­ла на мно­гу ме­ста, а ете, не баш за фо­то­гра­фи­ра­ње, но са­кам да одам во Ти­бет. Не сум би­ла и, мо­же­би, тоа е мо­ја­та след­на де­сти­на­ци­ја. И Ма­ро­ко, кое, мо­же­би, ќе се слу­чи мно­гу бр­зо.

Katerina Ivanovska (1) (Custom)

Фон­да­ци­ја­та „Ка­та­ри­на Ива­нов­ска“ ќе на­вр­ши ре­чи­си ед­на го­ди­на ра­бо­та. Што е по­стиг­на­то до­се­га и кој ќе би­де след­ни­от про­ект?

Ива­нов­ска: „Ка­та­ри­на Ива­нов­ска фон­да­ци­ја“ са­ка да им по­мог­не на си­те бол­ни де­чи­ња во Ма­ке­до­ни­ја што жи­ве­ат во со­ци­јал­но за­гро­зе­ни се­мејс­тва. Мо­рам да ка­жам де­ка мо­ја­та иде­ја ја пре­поз­наа го­лем број гра­ѓа­ни, а еден про­ект од таа фон­да­ци­ја беа и ма­ич­ки­те „пар­го“ од мо­ја­та ко­лек­ци­ја „Пар­го“, кои сѐ уште се про­да­ва­ат по це­на од 690 де­на­ри. Мо­рам да им се заб­ла­го­да­рам на си­те би­деј­ќи го­лем дел од тие ма­ич­ки се про­да­де­ни и по­сто­ја­но пра­вам но­ви се­рии. Се­га, на скоп­ски­от ма­ра­тон, кој ќе се одр­жи во мај, ќе има про­мо­ти­вен пулт и си­те што са­ка­ат да би­дат дел од фон­да­ци­ја­та, мо­жат да ку­пат ма­ич­ки. След­ни­от про­ект ќе би­де ед­на уба­ва ху­ма­ни­тар­на ве­че­ра на кра­јот на мај.

 

По трет­пат ќе учес­тву­ваш на Скоп­ски ма­ра­тон, но овој пат, ка­ко што спо­ме­на, ќе учес­тву­ваш по­а­ктив­но.

Ива­нов­ска: Че­твр­ти пат ќе тр­чам ма­ра­тон, но на Скоп­ски­от ќе ми би­де тре­та сре­ќа. Во Њу­јорк тр­чав во 2013 го­ди­на, истр­чав за два ча­са и три ми­ну­ти, по­тоа во Скоп­је за два ча­са и 13 ми­ну­ти, тоа ми бе­ше нај­лош ре­зул­тат, а ла­ни са­кав да истр­чам за по­мал­ку од два ча­са и на мое го­ле­мо за­до­волс­тво го истр­чав за еден час и 55 ми­ну­ти. Нор­мал­но де­ка не бр­кам не­кое вре­ме, тоа ми е са­мо хо­би, со тоа што го са­кам спор­тот и од ма­ли но­зе спор­ту­вам, да­ли е тоа те­нис, од­бој­ка, пли­ва­ње, а најм­но­гу са­кам да спор­ту­вам над­вор, ко­га е уба­во вре­ме­то, па не­ка­ко ми се вкло­пи­ја коц­ки­те за­до­волс­тво­то да си го спо­јам со ма­ра­то­нот.

 

Ко­га се учес­тву­ва на ва­кви го­ле­ми ма­ра­то­ни се­ко­гаш по­стои и по­ра­ка што се ис­пра­ќа, ко­ја е тво­ја­та цел?

Ива­нов­ска: Ова не го из­мис­лив јас, но по­ра­ка­та е „Во здра­во те­ло – здрав дух“. Мно­гу ми се до­па­ѓа што во Ма­ке­до­ни­ја се­кој пат ко­га до­а­ѓам гле­дам сѐ по­ве­ќе и по­ве­ќе мла­ди лу­ѓе на кеј ка­ко спор­ту­ва­ат и се ре­кре­и­ра­ат. Би им по­са­ка­ла да дој­дат и да би­дат дел од ма­ра­то­нот. Оваа го­ди­на ќе има и тим „Пар­го“, си­те што ќе ку­пат ма­ич­ка ќе би­дат дел од мо­јот тим и ќе тр­ча­ме за­ед­но на скоп­ски­те ули­ци.

Katerina Ivanovska (4) (Custom)

По­сто­ја­но си во са­ла за веж­ба­ње, гле­да­ме фо­то­гра­фии на со­ци­јал­ни­те мре­жи на за­до­волс­тво на си­те, не­ли, но се под­го­тву­ваш ли спе­ци­јал­но за овој ма­ра­тон?

Ива­нов­ска: За­до­волс­тво за си­те ма­жи и пот­тик за си­те же­ни (се смее). За се­кој спорт тре­ба да се под­го­твиш раз­лич­но, тре­ба раз­лич­на про­гра­ма. Мно­гу лу­ѓе ќе ми ка­жат те­бе ти е лес­но, ти веж­баш се­кој ден – не е та­ка. Се­га бев на ски­ја­ње и на се­кои пет ми­ну­ти за­ста­ну­вав да зе­мам воз­дух, за­тоа што се акти­ви­ра­ни раз­лич­ни му­ску­ли, раз­лич­на тех­ни­ка. Не­мам не­ко­ја спе­ци­јал­на под­го­то­вка би­деј­ќи ова ми е, ед­но­став­но, ре­кре­а­ци­ја и хо­би, не бр­кам ре­зул­тат, но се­кој ден веж­бам, без раз­ли­ка да­ли пра­вам кар­ди­о­веж­би или тр­чам на кеј или веж­бам во са­ла, се хра­нам здра­во и се тру­дам што по­ве­ќе да спи­јам за да имам по­ве­ќе енер­ги­ја.

Katerina Ivanovska (2) (Custom)

Имаш ли се­га не­кој што не те оста­ва да спи­еш? Не­кол­ку­па­ти си ка­жа­ла де­ка не са­каш да ја откри­ваш при­ват­но­ста би­деј­ќи та­ка се чув­ству­ваш ка­ко да си го­ла, но јав­но­ста се­ко­гаш се ин­те­ре­си­ра­ла ко­га ста­ну­ва збор за Ка­та­ри­на Ива­нов­ска и до­вол­на е са­мо ед­на фо­то­гра­фи­ја за да се на­пра­ви при­каз­на.

Ива­нов­ска: Ако, не­ка има при­каз­ни, лу­ѓе­то не­ма да ме за­бо­ра­ват (се смее). Са­мо апел, ста­вај­те по­у­ба­ви и по­го­ле­ми фо­то­гра­фии од ме­не (се смее). Мно­гу е ин­те­рес­но што со кој и да е мој дру­гар да из­ле­зам, вед­наш ги пол­нам пор­та­ли­те со нај­раз­лич­ни оз­бо­ру­ва­ња. Не ми пре­чи и ни­ко­гаш не сум се бу­не­ла за­тоа што сум свес­на де­ка сум дел од  шо­у­биз­ни­сот и де­ка тоа ми е ра­бо­та, тре­ба да се тр­пи, не­ма са­мо за уба­во да пи­шу­ва­те. Не де­ка ова е не­у­ба­ва ра­бо­та, но не е ви­сти­на. Да, имам мом­че, но тоа не е ни­ту ед­но од тие со кои сум ста­ве­на во ме­ди­у­ми­те. Сра­меж­лив е и не са­ка мно­гу да се фо­то­гра­фи­ра, а ни јас не са­кам мно­гу да се екс­по­ни­рам во мо­мен­тов.

 

Целото интервју може да го погледнете на „РепубликаТВ“.

 Пи­шу­ва: Ма­ри­на Ко­стов­ска

Фото: Александар Ивановски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top