| четврток, 6 декември 2018 |

Табела: Измерете кој број на градник е за вас

Во текот на животот, жената може да промени и до шест големини на градниците, поради бременост, промена на тежината или виснувањето. Затоа, важно е секоја година да ја мерите големината и така да го изберете правилниот градник.

Доколку градникот не ви е соодветен, покрај неудобност, може да предивика и многу посериозни проблеми.

Измерете го обемот на телото веднаш под градите. Метрото треба да биде поставено паралелно со подот и целосно да го допира телото. Потоа измерете го обемот на градите и притоа внимавајте метрото да не ги притиска.

Од величината на градите одземете ги сантиметрите од обемот на телото.

Ако разликата е 12-14 см – кошница А
Ако разликата е 14- 16 см – кошница B
Ако разликата е 16-18 см – кошница C
Ако разликата е 18-20 см – кошница D
Ако разликата е 20-22 см – кошница E
Ако разликата е 22-24 см – кошница F

Експертите истакнуваат дека сите девојки со кошница C или поголема задолжително да носат спортски градник кога спортуваат или вежбаат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top