Во Кина е направен интересен експеримент, на мажите им било понудено да ги почуствуваат породилните болки со специјален симулатор.
Со помош на електрични импулси мажите можеа да почувствуваат прво полесни, а потоа се посилни контракции на мускулите.
Знаете ли колку издржале? Најдолго три минути.
– Се чувстував како да ми ги вадат органите од телото, но без анестезија, беше коментар на еден од учесниците на истражувањето. Ова не е првпат мажите да се обидат да ја задоволат својата љубопитност во врска со бременоста и породувањето.
Двајца холандски ТВ водители поминаа низ симулации на породување и исто, како и кинеските мажи се превртуваа од болки и се откажаа од „породувањето“ по само неколку минути.
Освен нив, Џејсон Бремли, Стив Хенсон и Џони Бигинс во текот на еден месец носеле труднички одела, тешки 15 килограми за да ги почувствуваат маките на „благословената состојба“.
– Големо почитување за мајките и бремените жени, за секоја од нив, порачаа тие на крајот од истражувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.