| четврток, 6 декември 2018 |

Јавно наддавање за 8 градежни парцели во Маврово-Ростуше

logo_mir_genis_thumb_medium500_171Општина Маврово и Ростуше распиша  јавна објава за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Mакедонија по пат на електронско јавно наддавање за изградба на хотели и пансиони и викенд куќи предвидено со детален урбанистички план за с.Маврови Анови и за с.Маврово.

Предмет на електронското јавно наддавање се вкупно 8 градежни парцели од кои една градежна парцела во с. Маврови Анови со површина од 2.266 метри квадратни за изградба на хотел и 7 градежни парцели во с. Маврово со површини од 591 метар квадратен до 602 метри квадратни за изградба на викенд куќи.

Почетна цена на електронското јавно наддавање за наведените градежни парцели во табеларниот преглед изнесува 61 денари за метар квадратен.

Сите заинетересирани физички и правни лица пријавите за учество на јавното наддавање можат да ги достават најдоцна до 21 април 2015 година, по електронски пат на интернет адресата: www.gradezno-zemjiste.mk, а јавнотонаддавањеќезапочнена27.04.2015 година.

Подетални информации се достапни на веб страницата на општина Маврово и Ростуше, www.mavrovoirostuse.gov.mkи www.gradezno-zemjiste.mk.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top