| четврток, 6 декември 2018 |

Со што ги одалечуваме луѓето околу нас, според хороскопскиот знак

1-venera-planetata-na-ljubovta-niz-horoskopskite-znaci-www.kafepauza.mk_

Дали некогаш сте се запрашале зошто сеуште не сте го пронашле својот идеален партнер. Секој човек има свои недостатоци, но како и се друго и недостатоците ни се поврзани со хороскопскиот знак во кој сме родени.

Променете ги овие неостатоци, за да бидете среќни и сакани. За да дознаете зошто сте сами, прочитајте го следново.

Овен

Проблемот на овните е дека се заљубени сами во себе, што ги спречува да создадат врска. Друг нивни недостаток е дека се напорни. Ако го скротат своето его и прифатат дека светот не се врти околу нив, тоа ќе им помогне да го пронајдат идеалниот партнер.

Бик

Грешката која ја прават биковите е дека забораваат да се грижат за својот изглед, откако ќе си пронајдат партнер. Грижете се за својот изглед и не си мислите дека човекот до вас е ваша сопственот, тогаш ќе бидете среќни во љубовта.

Близнаци

За близнаците неверството не е доволен повод за крај на една врска, особено ако се случило еднаш. Нивната најголема пречка во љубовта е изневерувањето.

Рак

Проблемот кај ракот е дека дејствуваат избрзано, што допринело да им пропаднат многу врски. Не брзајте и оставете ги работите да се случуваат природно. Секој човек би се плашел ако почнете да му зборувате за брак и деца во вториот месец од врската.

Лав

Лавот може да го изгуби својот партнер, ако освојувањето на личната битка го смета за поважно од освојувањето на нечиво срце. Дури и да се стремите да им помагате на другите, може да ги натерате да помислат, дека ги барате само недостатоците во нив и потоа да ги оддалечите од вас.

Девица

За Девицата најголем проблем е срамежливоста и тие тешко се справуваат со неа. Не оставајте впечаток кај другите дека немате што да им покажете, бидете уверени и докажете колку прекрасен човек сте.

tumblr_nkyg4hfkPX1sagicco1_1280

Вага

Вагите имаат проблем со тоа што не го погодуваат вистинскиот момент за нештата. Тие или брзаат или премногу долго не превземаат никаква акција. Затоа повеќе зборувајте со партнерот, што сакате и двајцата.

Шкорпија

Шкорпиите често си повторуваат дека немаат потреба од никого и се доволно силни за да се справат со се, иако внатрешно знаат дека тоа воопшто не е така. Околу себе создаваат чувство  дека не бараат ништо сериозно. Променете го ова ваше однесување.

Стрелец

Стрелците вечно се сконцентрирани кон недостатоците на партнерот до нив. Треба да проценат колку навистина се значајни тие и ако навистина се толку значајни, да ја прекинат врската.

Јарец

Најголемиот проблем на Јарците е нивната тврдоглавост. Пуштете ги да си течат работите и престанете да се спротивставувате на сето она што се случува во вашиот живот. Препуштете се да бидете среќни и сакани.

Водолија

Водолиите се премногу претпазливи. Човек треба да се изгори, за да разбере, што всушност бара од човекот до себе. Доверете му се на внатрешниот глас и бидете похрабри. Престанете да мислите дека секој се обидува да ви наштети.

Риби

Рибите треба да бидат подиректни во своите барања. Тоа што се толку дискретни е нивната пречка. Партнерите секако не можат да читаат мисли.Така да, зборувајте за работите што ги сакате и тие ќе почнат да се случуваат.

 tumblr_mn82h4gCQx1qkww7to1_500

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top