Грешка е да одите на спиење гладен, тврди австралиски нутриционист.
Додека спиеме, нашиот организам постојано работи. Тој ги обновува и размножува своите клетки, ја обработува храната што сме ја консумирале и врши голем број на други неопходни биолошки процеси. Сите тие бараат енергија, која организмот ја добива од храната која сме ја изеле во текот на денот и вечерта.
– Ако пред да заспиете, сте јаделе храна богата со калории, на пример сладолед, тогаш нивото на шеќерот во крвта побрзо ќе се зголеми, а добиената енергија автоматски ќе се претвори во масни наслаги, објаснува нутриционистот Тим Робертс.
Токму затоа ако сакате мирен и квалитетен сон, подобро е ако неколку часа пред спиење не јадете ништо, па варењето да не ве држи будни. Но ако сепак сте гладни, каснете пред спиење, само изберете храна со ниска содржина на шеќер и јаглехидрати. На овој начин ќе заспие побрзо, поретко ќе се буди ноќе и истовремено побрзо ќе ја намалите телесната тежина.
Накратко, не смеете да си легнете гладни, за да ослабете, туку да внимавате што јадете пред спиење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.