| четврток, 6 декември 2018 |

Русија и се закани на Данска

Доколку Данска се приклучи кон системот за воздушна одбрана на НАТО, Русија ќе испрати нуклерани проектили на руските бродови, предупреди рускиот амбасадор во Данска, Михаил Вањин.

Изјавата на Вањин, објавена во данските весници, го разлути министерот за надворешни работи на Данска, Мартин Лидегард.

– Русите овој пат ја преминаа границата. Тие добро знаат дека системот на проектили на НАТО се исклучиво од одбранбен тип и оти не е насочен кон нив, изјави Лидегард.

Во интервју за данскиот весник „Јоландс Постен“, Вањин исто така ја нарече Данска мала држава, со мала војска.

– Во ред, вие сте дел од НАТО, но мошне мал дел. На Москва нема да и се допадне вашето вклучување во системот за одбрана и не сум сигурен дека ги сфаќате последиците од тој чекор, изјави рускиот амбасадор, осум месеци откако Данска се согласи дека ќе се приклучи кон споменатиот систем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top