Јужнокорејскиот рапер PSY соопшти дека во април доаѓа наследникот на глобалниот хит „Gangnam Style“.
Тој најави голем концерт во Сеул и откри дека песната ќе биде снимена на корејски и англиски, а видеото, што ќе биде поставено на „Јутјуб“, ќе биде преведено на шест јазици – кинески, тајвански, шпански, француски и португалски.
– Во април 2013 година ќе издадам нова псна, која ќе излезе во исто време во целиот свет. Ќе направам концерт, кој сите ќе можат да го гледаат во живо на „Јутјуб“ – изјави пејачот.
Билетите за концертот наречен „Хепенинг“ ќе бидат пуштени во продажба на 11 март, соопшти агенцијата на пејачот. Тој ќе ги исполни и новата песна и своите стари хитови. Триесет и петгодишниот рапер се здоби со светска слава со песната „Gangnam Style“, сатира посветена на луксузниот начин на живот во еден богат кварт на Сеул.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


