| четврток, 6 декември 2018 |

Кога е подобро да се вежба, наутро или навечер?

vezbanje2

Сте се запрашале ли во кој период од денот е подобро да вежбате, наутро или навечер и како изборот на тајминг влијае врз вашето тело и психа? И двата тајминзи се добри, бидејќи имат свои предности кои не се за потценување.

Ако тренирате наутро, посебно пред појадок, капацитетот на енергијата е прилично низок и нивото на глукоза потребно за мускулите да работат е на минимално ниво. Тоа е така бидејќи нашето тело ги користи предностите на мастите за напојување на мускулите, па затоа ова е добро доколку планирате да пешачите наутро.

Но, ако планирате да вежбате долга и ефективна тренинг сесија со помош на тегови ќе ви биде потешко и помалку ефективно бидејќи вашето тело не е добро загреано.

Утринското вежбање го подобрува и расположението, бидејќи со остварување на еден утрински тренинг може да се чуствувате одлично од самиот почеток на денот, особено кога времето е топло.

Друга предност кај утринското вежбање е тоа што ако тренирате во утринските часови, слободни сте во остатокот на денот.

Ако тренирате навечер, како и многу луѓе кои немаат навика да го прават тоа наутро, го искористувате максимумот на телото кое е веќе добро разгорено и ќе тренирате подолго и поефективно.

Исто така, докажано е дека вежбањето во ноќните часови добро влијае врз психата чистејќи ја од негативните мисли и стресот кој се насобрал преку целиот ден.

Ова ни покажува дека утринското вежбање, иако е поефикасно за согорувањето на масти, вечерното може да биде повеќе ефективно и да ве ослободи од стресот пред спиење.

Така што, изборот дали ќе тренирате наутро или навечер е ваш и што и да одберете нема да погрешете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top