| четврток, 6 декември 2018 |

Наоружени лица ја опколија нафтената компанија во Киев

opqcmsaxqjlywpnp

Наоружени лица ја опколија зградата на украинската нафтената компанија „Укрнафта“ во Киев, пренесуваат локалните медиуми.

Според извештајот на украинскиот телевизиски канал 112, лица во воени униформи со пушки и пендреци прават ограда околу зградата.

-Влезовите се блокирани од лица со оружје. По долгиот разговор, еден од нив кој носеше црн шлем рече дека се од батаљонот Днепер-1. Тој одби да каже зошто батаљонот за територијална одбрана ја опколи зградата во Киев – напиша Сергеј Лешченко, од блокот на претседателот Петар Порошенко, на својот фејсбук профил.

Најголемата украинска нафтена компанија „Укрнафта“ произведува 86 отсто нафта и 28 отсто гас во Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top