На Светскиот ден на поезијата, 21 март, граѓаните покажаа дека го сакаат кафето и уживаат во него. Оваа идеја на Јулиус Мајнл беше одлично прифатена од сите скопјани и дефинитвно ќе прерасне во традиција. Аромите на кафето беа причина плус за големиот број собрани хартии кои беа полни со креативност, љубов и среќа.
По повод Светскиот ден на поезијата, оваа акција, „Плати кафе со поезија“ беше поздравувана од граѓаните и привлече големо внимание. На трите локации, „Дион“ на Кеј, „Наргиле“ во Чаршија и „Паладиум“ во Капиштец, се собраа повеќе од 600-тини песни, кои освен на македонски и албански, беа пишувани и на бугарски, турски, руски, германски, српски и англиски јазик.
Поетите кои несебично им помагаа на граѓаните и земаа учество во оваа уникатна акција, Ѓоко Здравески, Ксенија Николова, Наим Иљази Пари, Билјана Стојановска, Даниел Карески и Елена Пренџова ги одбраа најдобрите три поезии, од кои трето наградената е на шестгодишната Лука, втората награда и припадна на Зорица и поезијата која собра најголем број воздишки од поетите и го освои првото место е дело на Нора. Парична награда и производи од Јулиус Мајнл беа дел од наградите кои отидоа во рацете на првите тројца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст











