Како што минува времето лошото сценарио на опозицијата се демаскира и станува се понесериозно, смета професорот Тони Науновски, кој додаде дека се поконтрадикторни се и опозициските медиумски промотори чија цел е уништување на структурата на државата.
– Како што минуваат деновите станува јасно дека се повеќе се заплеткуваат и дека мислат дека народот е наивен и дека ќе поверува во нивните приказни кои преку таквите медиуми ни ја сервираат, посочи Науновски, на денешната трибина.
Според него, домашните и страснките непријатели на државата се во својата последна битка, бидејќи, како што посочи тие вложиле се во овој последен напад на државата,
– Нивниот проблем е што македонскиот народ како и секогаш во историјата ќе биде победник, бидејќи тие ги препознаа тајните и скриени намери на опозицијата. Како што минуваат деновите тие стануваат се понервозни и прават се поголеми лоши сеанси, во смисла на комедија. Тие почнаа внатре во својот антимакедонски ум да составуваат влада со албански премиер. Јас се чудат на тој нивен ум, во Македонија владеат и ќе владеат Македонци, а не Албанци, порача Науновски.
Тој додаде дека целата оваа ситуација само ќе биде поука за идните генерации како не треба да се прави зло на сопствената држава.
-На власт се доаѓа преку слободни и демократски избори, а не преку некој други обиди кои вклучуваат евтини шпионски филмови. Сето тоа ќе заврши како поука за оваа генерација Македонци и за идните генерации, за тоа како не треба да се постапува во политиката и како не треба да се прави зло на сопствената држава, заклучи Науновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст