
Раководството на библиотеката на Универзитетот „Оксфорд“ отпушти една од своите вработени поради тоа што за време на нејзино дежурство студентите во зградата го играле популарниот танц „Харлем шејк“.
Студентите на видеото танцуваат во библиотеката на еден од најстарите колеџи на Универзитетот. Видеото се појави на интернет и предизвика исклучително негативни реакции кај раководството.
Библиотекарката Калипсо Неш беше отпуштена бидејќи не направила ништо за да ги спречи.
Самите „танчари“ изјавиле дека библиотекарката нема никаква врска со нивната забава, која се одржала во вечерните часови за да не им пречат на читателите. Тие побараа Неш да се врати на работа бидејќи не можела да ги спречи во нивната намера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


