| четврток, 6 декември 2018 |

Михајловски: Паднаа маските на платениците, фрустрирани се од својата немоќ

Tribina na Vmro vo sala Boris (18)
Актерот и водител Тони Михајловски на трибината на Граѓанското движење за одбрана на Македонија изјави дека паднаа маските на предавниците, на оние кои сакаат да убијат и уништат се што е Македонско.

-Тие стрелаат кон минатото, стрелаат кон секашниста, стрелаат кон Македонија, бидејќи најверојатно имаат друга алтернатива. Јас друга Македонија немам, јас сакам тука да живеам, сакам моите деца тука да жвиеат и ако даде Господ и моите внуци. Без разлика што и да прават, ние опстојуваме, затоа што сме храбри, затоа што имаме душа и ќе им плукнеме во лицето и ќе им порачеме да си заминат од Македонија, да си одберат друг народ доколку овој не им се допаѓа, порача Тони Михаловски кој воедно додаде:

– Паднаа нивните маски, паднаа маските на платениците, оние кои што сакаат да не уништат, оние кои што сакаат да не постоиме. Почитувани, тие се фрустрирани од својата немоќ. Тие немаат проиграми, немаат што да понудат, затоа сакаат да се убие и уништи се што е Македонско, потенцираше Михајловски кој на крајот додаде дека предавниците нема да успеат во нивните намери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top