Министерот за здравство Никола Тодоров денеска го посети комплетно реновираниот објект на Службата за трансфузиона медицина во кругот на општата болница во Куманово.
– Службата за трансфузија започна да функционира во комплетно нов простор, кој претходно не беше реновиран и се наоѓаше во многу лоши услови уште од 1924 година. Со ова се подигна нивото на здравствена услуга во овој прилично сензитивен дел од здравствената дејност, истакна Тодоров.
Оваа инвестиција, во вредност од околу 6 милиони денари, ќе овозможи подобро функционирање и подобра организација на службата која опфаќа пациенти од Куманово и целиот околен регион.
Директорката на Институтот за трансфузиона медицина истакна дека службата е достапна 24/7, а податоците покажуваат дека е значително зголемен бројот на пациенти во областа на трансфузионата медицина. Објектот во Куманово е енергетски ефикасен и се очекува намалување на трошоците за околу 50%.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.









